Уапсени се двајца во врска со убиството на новинарка Лира МекКи во Лондондери, Северна Ирска, соопшти полицијата. Двајцата мажи на возраст од 18 и 19 години се задржани во Лондодери согласно антитерористичките закони и се одведени во Белфаст на распит, соопшти локалната полиција.
Новинарката МекКи (29) беше погодена од куршум додека извесуваше од протест во Лондодери во четвртокот навечер.
Локалната полиција вчера соопшти дека се сомнева оти за тоа е одговорна „Нова ИРА“ (Ирската рапубликанска армија). Помошникот началник на полицијата Марк Хамилтон вчера изјави дека полицијата случајот го третира како „терористички инцидент“.
Во времето на инцидентот, републиканците на полициските возила фрлале запаливи бомби, а во еден момент се чул истрел од огнено оружје. МекКи стоела во близина на полициското возило со други новинари. Надзорните камери ги снимиле нејзините последни моменти во масата народ, а на снимки од мобилни телефони се забележуваат сомнителните напаѓачи.












