Уште еднаш, Димитар Апасиев ја покажа дволичноста на дело. На конституивната седница кога се дискутираше за изборот на Претседател на Собранието, Апасиев на говорница наброи неколку причини зашто нема да го гласа за Талат Џафери.
Тој дури го нарече и Че Гевара својот колега од ДУИ, истакнувајќи дека и него го викаат по исто име.
Но, по завршување на седницата, кога се згаснаа камерите, Апасиев беше меѓу оние кои се ракуваа и му посакаа среќа на Џафери.
Што точно му посакал не се знае, но од сликата јасно се гледа дека се ракува за честитка.
Интересно е што дури ни мерките за заштита од корона вирусот не го спречиле претседателот на “Левица” да се ракува со Талат Џафери.
Фотографијата е споделена на Фејсбук од симпатизери на ДУИ.
Арбен Зеќири