• Latest
Фото: принтскрин ревизорски извештај од ДЗР

ДЗР: Медицинска опрема од над 18 милиони евра неискористена поради недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови

May 8, 2025

Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

January 17, 2026

Гренланд како црвена линија во трансатлантските односи: Дали Европа конечно ќе му се спротивстави на Трамп?

January 17, 2026
Рускиот терор продолжува: Украина, новогодишна ноќ, 2026

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир: Енергетски „Рамштајн“ — брзи одлуки и континуирани испораки на ПВО

January 16, 2026
Скриншот од видео на
Kanal13

Трета руско-чеченска војна во најава?

January 16, 2026
Фото:  скриншот Јоhn Cleese /X

Монтипајтоновецот Џон Клиз се срами од Би-Би-Си поради начинот на известување за протестите во Иран

January 16, 2026

Ignorantia ante portas

January 16, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Локални избори 2025 – Масовно и намерно кршење на изборниот молк (7)

January 16, 2026

Џозеф и Касале: Може ли косовскиот модел да отвори пат кон мир во Украина?

January 16, 2026
Russia uses African mercenaries as human bombs in Ukraine front
Source- screenshot Telegraph

Шокантно видео: Русија користи африкански регрути како „живи бомби“ на фронтот во Украина

January 15, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

January 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Гренланд како црвена линија во трансатлантските односи: Дали Европа конечно ќе му се спротивстави на Трамп?

    Скриншот од видео на
Kanal13

    Трета руско-чеченска војна во најава?

    Фото:  скриншот Јоhn Cleese /X

    Монтипајтоновецот Џон Клиз се срами од Би-Би-Си поради начинот на известување за протестите во Иран

    Russia uses African mercenaries as human bombs in Ukraine front
Source- screenshot Telegraph

    Шокантно видео: Русија користи африкански регрути како „живи бомби“ на фронтот во Украина

    Дали Србија се движи кон Српски мајдан?

    Greenland crisis
Source> screenshot Global

    Европски трупи во Гренланд по неуспехот на преговорите меѓу САД и Данска

    Илустрација ВИ

    Financial Times: МАГА нападот врз европската демократија

    Фото: Скриншот од видео на ВВС

    Данска и Гренланд обединети против американскиот притисок

    Фото: ДСНС Кијив/ДСНС Харкив

    Руските напади врз енергетиката продолжуваат: Експлозии во Кијив; енергетските работници го направија речиси невозможното – вратена струјата за 45.000 жители на Криви Рог

    Орданоски: Вештачката интелигенција е егзистенцијален ризик за човештвото

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Премиерот Христијан Мицкоски, Сопиште, Скопје, 4 јануари 2026 (фото извор: скриншот од видео објавено на владиниот Јутуб канал)

    Северна Македонија – ЕУ – Бугарија: Како еден документ стана политички спектакл наместо предмет на дебата

    Доаѓа ли крај на приказната за Црна Гора како еколошка држава?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЗДРАВСТВО

ДЗР: Медицинска опрема од над 18 милиони евра неискористена поради недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови

Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба. Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности, се посочува во ревизорскиот извештај од ДЗР. Со ревизијата била опфатенa современата медицинска опрема со најголема набавна вредност и со најизразена потреба и интерес за услугите со истата, како што се: компјутерска томографија (КТ), ангиографи, акцелератори, мамографија со томосинтеза и стереотакса, позитронско - емисиона томографија во комбинација со компјутерска томографија (ПЕТ/КТ) и апарат за роботска рехабилитација.

May 8, 2025 10:07
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Фото: принтскрин ревизорски извештај од ДЗР

Фото: принтскрин ревизорски извештај од ДЗР

Share on FacebookShare on Twitter

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

Како што информираат од ДЗР, спроведената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современа медицинска опрема“ е со цел да се утврди степенот на искористеност и регионална достапност на услугите што ги обезбедува современата медицинска опрема, како и нивното влијание врз задоволување на потребите за здравствена заштита на населението.

Со ревизијата била опфатенa современата медицинска опрема со најголема набавна вредност и со најизразена потреба и интерес за услугите со истата, како што се: компјутерска томографија (КТ), ангиографи, акцелератори, мамографија со томосинтеза и стереотакса, позитронско – емисиона томографија во комбинација со компјутерска томографија (ПЕТ/КТ) и апарат за роботска рехабилитација.

Во ревизијата биле анализирани и политиките и преземените активности за набавка, ставање во употреба и користење на медицинската опрема во периодот од 2021 година до 2023 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој временски опфат.

– Анализата на снабденоста со современа медицинска опрема по градови покажува дека во изминатите три години е постигнат напредок во обезбедувањето на регионална распределеност на новата опрема во јавното здравство, како и во зголемувањето на вкупниот број здравствени услуги, стои меѓу другото во извештајот.

Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Поради тоа, како што покажала ревизијата, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита.

Во досегашниот период поставените стратешки цели биле реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите.

Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација.

– Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети. Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба. Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности, се посочува во ревизорскиот извештај од ДЗР.

На ниво на држава во јавното здравство обезбедени се вкупно 9 линеарни акцелератори за четири ЈЗУ со вкупна набавна вредност од 21,8 милиони евра за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања.

До денот на ревизијата 5 акцелератори не се ставени во употреба и тоа: 2 на Клиниката за радиотерапија и онкологија, 2 во Клиничките болници во Штип и Битола и 1 во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, иако 3 од нив се инсталирани пред повеќе години.

Ревизорите во извештајот посочуваат дека иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата, се подвлекува, доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите.

На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година. Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 година во споредба со 2021 година, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги.

Во периодот опфатен со ревизијата, во овие установи се извршени 32.238 услуги со ангиограф, од кои половината се изведуваат на терциерно ниво, што создава висока оптовареност на кадарот и апаратите, особено во Клиниката за кардиологија која располага со 4 ангиографи.

Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги.

– Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку Мој Термин, се наведува во извештајот.

Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра.

– Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и Мој Термин, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година, стои во објавениот конечен ревизорски извештај од ДЗР.

Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми.

Се истакнува состојбата на користење на КТ уредите за итни и приоритетни услуги, што создава дополнителен притисок врз капацитетите и го зголемува ризикот од прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење.

Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.

Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра.

Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања.

Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Овие мамографи, се додава, се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка.

Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги.

Во насока на унапредување на рехабилитациските здравствени услуги, во 2023 година набавен е апарат за роботска рехабилитација – локомат, во вредност од нешто помалку од еден милион евра, кој е инсталиран во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за високо технолошки уред наменет за рехабилитација на долни екстремитети кај пациенти со невролошки и ортопедски нарушувања, кој се користи од 2024 година.

Со ревизијата е утврдено дека постојат значајни разлики во евиденциите за извршените услуги помеѓу ЈЗУ, Мој Термин и Фондот, што има за ефект нереални податоци за услугите во Мој Термин, помалку прикажани услуги кон Фондот и ненаплатена партиципација од страна на ЈЗУ во износ од најмалку 247 илјади евра.

– Ваквата состојба се должи на нецелосно евидентирање на услугите од страна на ЈЗУ во Мој Термин како единствен национален систем за евиденции во здравството. Во услови на невоспоставени листи на чекање за подолг период, отсуствуваат податоци за реалната побарувачка на услуги, а поради неусогласени евиденции за извршените услуги во ЈЗУ, Мој Термин и системот на Фондот, не може да се утврди ниту точниот број на извршени здравствени услуги, стои во извештајот од ДЗР.

Континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ, се подвлекува, не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата.

null

И покрај зголемувањето на платите и вложувањата во едукација, бројот на специјалисти радиолози во ЈЗУ од 2021 до 2023 е намален од 88 на 79, а во Институтот за радиологија, од 30 на 23 специјалисти.

Дополнително, заклучиле ревизорите, Регистарот на здравствени работници не се води ажурно, што го отежнува планирањето на човечки ресурси. Преку спогодби меѓу установи се обезбедува повремен ангажман на кадар, но овој пристап не гарантира непрекината здравствена заштита. Соочено со сериозен дефицит, Министерството за здравство започна активности за итно вработување на 600 приватни специјализанти до крајот на 2025 година, од кои 69 се радиолози, со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во давањето на здравствените услуги.

Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски.

– Поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање  за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години, утврдиле ревизорите.

Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор.

За надминување на наведените состојби, соопштија од ДЗР, дадени се препораки за преземање мерки од надлежните институции, со цел отстранување на причините за утврдените состојби, подобрување на искористеноста на медицинската опрема и зголемување на достапноста до здравствените услуги од страна на граѓаните.

Фото: принтскрин ревизорски извештај од ДЗР

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Kanal13

    Трета руско-чеченска војна во најава?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Сведоштва од Иран: Смртоносна репресија врз демонстранти и сериозни обвинувања за кршење на човековите права

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Ненаучени лекции: Непристапоноста како дискриминација – системско исклучување од изборниот процес (5)

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ