Седницата на албанското собрание на кратко беше прекината откако пратеникот на опозициската Демократска партија, Ендри Хаша го нападна со јајца премиерот Еди Рама.
Расправата беше прекината за момент, а пратеникот Хаша беше отстранет од салата со интервенција на обезбедувањето.
Потсетуваме дека опозицијата во Албанија се враќа во Собранието по 5 месеци бојкот.
Истовремено на почетокот на пленарното заседание на албанскиот парламент пред зградата се собраа голем број ученици и студенти, кои од повеќе градови во Албанија протестираат веќе 16 ден.
Тие бараат од владата на Рама да ги исполни нивните барања кои главно се однесуваат на подобри услови за студирање.