Во четврток, 21 февруари ќе се одбележи годишнината од бруталното убиство врз словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова. Една година подоцна, се уште нема разрешница убиството.
Репортери без граници, Европската федерација на новинари, Комитетот за заштита на новинарите и Транспаренси Интернешнл упатија повик за мирен собир пред Резиденцијалната палата во Брисел во еден часот попладне, во чест на храброста на Јан Куцијак. Собирот меѓу другото има за цел да им пренесе порака на словачките власти дека притисокот за конечно решавање на овој случај ќе продолжи и понатаму.
„И покрај неоспорниот напредок во истрагата, словачките власти мора да осигураат дека истрагата ќе продолжи независно и дека целосно ќе се спроведат сите истражни линии. Сите сторители, вклучувајќи ги и организаторите, мора да бидат изведени пред лицето на правдата и мора да се преземат мерки за подобро да се заштитат новинарите. Сето ова е од суштинско значење за сеќавањето на Јан и Мартина, за нивните семејства и за демократијата во Словачка“, стои во повикот на организациите.
Јан Куцијак и Мартина Куснирова беа застрелани на 21 февруари оваа година пред нивната куќа во западнословачкото место Велка Маца. Куцијак во периодот непосредно пред егзекуцијата вршел новинарски истражувања за поврзаноста меѓу политиката и економскиот криминал. Неговата недовршена репортажа за можните врски на италијански мафијашки кланови со словачки владини соработници беше објавена по неговата смрт. Случајот предизвика во земјата масовни демонстрации против корупцијата и злоупотребата на пари од поддржувачките фондови на ЕУ. Последица на протестите во Словачка беше оставка на владата и на првиот човек на полицијата.
М. И.