Сериозно материјално оштетување на прозорците, до 6 кат од зградата на грчката телевизија „Скај“, како и оштетување на внатрешните ѕидови, без повредени е епилогот од вчерашната силна експлозија на импровизиран механизам во 02:37 часот.
Полицијата веднаш го затворила делот околу зградата и уште се чека на преземање одговорност за експлозијата.
Утринската програма на ТВ „Скај“ се емитуваше од дворот на телевизијата.
Александрос Стаматиу
Фотгорафии: Sooc