Categories

КРВОПРОЛЕВАЊЕ Екстремист убил над 40 лица во џамии во Нов Зеланд

Во џамијата Ал Нур во Нов Зеланд, во градот Крајстчерч, убиени се над 40 жртви додека се молеле, а во  нив пукал екстремистoт Брентон Тарант ((28) од Графтон во Австралија.

Токму тој целиот масакар го пренесувал во живо на Фејсбук а подоцна истото видео го објавил и на Инстаграм. Компанијата Фејсбук спорното видео го отстранила.

Премиерката Џасинда Ардерн истакна дека ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд и она што се случи е досега невиден чин на насилство. Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди. Меѓу нив има и деца.

Полицијата додала дека се приведени четворица други и открила неколку експлозивни направи.

Медиуимите од светот додаваат дека не се знае точниот број на жртви и дека нападите се случиле во две џамии кои биле полни со верници.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, локални медиуми пренесуваат дека некои од напаѓачите носеле облека која потсетува на воена униформа.

Напаѓачот напишал дека подготвува терористички напад, себе си се нарекол фашист и дополнил дека белците веќе не се размножуваат, туку ги заменува „неевропска популација“, што е резултат на масовните миграциски текови. Австралискиот терорист истакнал дека сака освета за Европејците кои страдале во терористички напади.

На лице место е упатена и војската која ги деактивирала експлозивните направи пронајдени во возилата на приведените во близина на џамијата.

Print Friendly, PDF & Email