Министрите на ЕУ се состануваат утрово на итни разговори откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 30% на блокот – и покрај она што тие го сметаа за ветувачки разговори со американската администрација за тоа како да се избегнат, јавува Гардијан.
Но, во писмото објавено за време на викендот, Трамп изјави:
„Имавме години да разговараме за нашите трговски односи со Европската Унија и заклучивме дека мора да се оддалечиме од овие долгорочни, големи и постојани трговски дефицити, предизвикани од вашите тарифни и нетарифни политики и трговски бариери…
Нашиот однос, за жал, беше далеку од реципрочен.“
За време на викендот, лидерите на ЕУ, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги предводеа политичките реакции на објавата, пишува Гардијан.
Макрон рече дека ЕУ треба да биде подготвена за трговска војна и да му се спротивстави на американскиот претседател, од кој дури минатата недела се очекуваше да одобри договор за царина од 10% во принцип со блокот.
Но, италијанската премиерка, Џорџија Мелони, која ужива во добри односи со Трамп, во изјава рече дека верува оти може да се постигне „фер договор“. „Нема да има смисла да се предизвика трговска војна меѓу двете страни на Атлантикот“, рече таа.
Д. Т.












