• Latest

ЕУ ги одобри нашите дигитални сертификати за КОВИД-19, утврдена дискриминација од ДИК врз лицата со физичка попреченост, Левица е виновна што не може да се издаваат лични карти

August 19, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЕУ ги одобри нашите дигитални сертификати за КОВИД-19, утврдена дискриминација од ДИК врз лицата со физичка попреченост, Левица е виновна што не може да се издаваат лични карти

August 19, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕУ ги одобри нашите дигитални сертификати за КОВИД-19

Европската комисија денеска го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство.

Северна Македонија, посочуваат, е прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Да продолжиме сите да се враќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа г. Мицковски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво. Кога се обраќате само кон една заедница, тогаш може да очекувате поддршка само од таа заедница. Еве изборите се пред нас и јас уште еднаш само ќе потврдам дека причините за кои кажувам ќе победуваме доста долго како коалиција, а тие е губат е токму тој национализам којшто го имаат во една мултиетничка земја, навистина ќе биде причина за следниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ, но секако опозицијата е опозиција, одговорноста е кај владејачките партии, доминантно“, изјави премиерот Зоран Заев во Јегуновце каде што заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалникот Дарко Блажески присуствуваа на пуштање во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски”.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИСКРИМИНАЦИЈА Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост од страна на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Карпош.

БЛОКАДИ Поради блокираниот закон за лични карти, преку 40 илјади лични карти не се издадени на подносителите на барањата, од кои некои од нив аплицирале за првпат. Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица. Премиерот Зоран Заев истакна дека ако не се донесе законот, постои можност за гласање и со истечена лична карта.

АПЕЛ Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука (МОН) ги почитува сите инструкции што се даваат од здравствените власти. Ако има различни инструкции за општото дејствување во одредена општина или во одреден регион и МОН ќе се прилагоди на тоа.

РЕАКЦИЈА Сите пријавени граѓани се евакуирани од Авганистан и во моментот немаме информации за наши државјани кои се во загрозувачка ситуација или на кого му е потребна асистенција за евакуација, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Рита Бехадини, новинарка и активистка за правата на жените, во видео порака за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ истакна дека кога ќе се почитуваме едни со други, ќе ги почитуваме разликите.

 

Музичарката и хуманитарката Кристина Арнаудова со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги разликите“ вели дека во неволја и сиромаштија никој не те прашува што си.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.

                                               ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

„И тука се случува еден своевиден парадокс. Со интензивирањето на говорот на омраза и навредите од страна на антиваксерите преку социјалните мрежи и на протести, упатени кон вакцинирањето, вакцинираните, докторите, министерот, Владата, во исто време се зголемува бројот на вакцинирани лица во земјава. Дали антиваксерите, ненамерно, се ставија во служба на имунизацијата?

Можеби здравствените служби во земјава треба да им заблагодарат на антиваксерите за зголемениот интерес за вакцинација кај населението и зголемениот број на вакцинирани“, пишува Драган Мишев во колумната „Антиваксерскиот протестен балон издиша како дупнат со игла“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ