Европската комисија соопштила денеска дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за купување на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19, објави Слободен Печат.
Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27-те членки на блокот соопшти дека договорот ја опфаќа опцијата за купување на додатни 100 милиони дози доколку е потврдено дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Претходно американската компанија „Новавакс“ соопшти дека Велика Британија од нејзе ќе купи 60 милиони дози на потенцијална вакцина против Ковид-19.
Компанијата и британската Влада ќе соработуваат во третата фаза на клиничкото испитување за да се процени ефикасноста на вакцината кај британската популација, се наведува во соопштението.
Не се објавени финансиските детали од договорот. Ќе биде објавена студија на околу 9.000 возрасни лица од 18 до 85 години.