На денешниот Совет за општи работи на Европската Унија што се одржа во Луксембург, земјите членки не успеаја да се договорат за датум за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија. Заклучокот од седницата на Советот е дека датумот за отворање на преговорите ќе се одреди најдоцна во октомври.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и романскиот министер за европски работи Џорџ Чиамба, изразија жалење за оваа одлука.
„За жал малцинство земји членки не беа во можност да ја поддржат јасната препорака на Комисијата да се почнат преговорите со Албанија и Северна Македонија”, изјави Хан.
Во последната верзија се наведува дека Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор кој претставува значајно постигнување и позитивен пример за регионот и пошироко.