Кога вооружени лица убија 11 граѓани во синагогата во Питсбург минатата година, муслиманските заедници во областа, собраа стотици илјади долари за жртвите, а сега еврејската заедница во Питсбург ја возвраќа љубезноста по масакрот во две џамии во Нов Зеланд, објави CNN.
„За жал, сите сме запознаени со катастрофалниот ефект каде што масовното убиство го има врз сите верски заедница“, рече Мерил Ајнсман, претседател на одборот на Еврејската федерација од Питсбург.
„Ние сме исполнети со тага за овој бесмислен акт на омраза. Оние кои се повредени, да заздрават побрзо и сеќавањата на жртвите засекогаш да бидат благослов“, додаде тој.
Исто како после октомврискиот напад во Синагогата на дрвото на животот, различни вери и култури се здружија во тага и солидарност. Минатата година, кампањата за “crowdfunding”, „Муслиманите обединети за Питсбургската синагога“, собра повеќе од 200.000 долари за да им помогнат на жртвите од убиството.
„Ние стоиме во солидарност со муслиманската заедница во Крајстчерч, во Питсбург и во целиот свет“, изјавија од Еврејската федерација.
Превод: Ангела Петровска