Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Северна Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.
Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми.
Прес-конференција за презентација на Извештајот за Северна Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.
Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Северна Македонија, како и пред граѓански организации.
Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.