• Latest

Еврокомесарот Вархеји во Скопје, 30 години граѓанско општество, претпоследен ден од пописот, безвизниот режим не е доведен во опасност

September 29, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Еврокомесарот Вархеји во Скопје, 30 години граѓанско општество, претпоследен ден од пописот, безвизниот режим не е доведен во опасност

September 29, 2021 18:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пристигна во посета на Република Северна Македонија.

По пристигнувањето во Скопје, Вархеји оствари средба со Премиерот Зоран Заев, објави премиерот на  Твитер.

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“,напиша Заев на Твитер.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кржаловски: Така што има многу што да се пофалиме, но за жал би рекол, недоволно, бидејќи ситуацијата во државата и после 30 години не е многу розова.

Има многу работи на кои може да се биде горд, бидејќи еден од главните придонеси е токму за демократизацијата на општеството и дека голем е придонесот на граѓанските организации. Потоа, поддршката на ранливите групи, односно кревањето на гласот за нивните права и зголемување на видливоста и секако решевањето на нивните проблеми, од лицата со посебни потреби со хендикеп, родовите прашања итн, рече Александар Кржаловски, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ

Изборен рапорт (3): Борба на живот и смрт, лаги и навреди кон граѓанските организации, рокот за аплицирање во ЦИВИЛ истекува утре

На самиот старт, може да се констатира дека изборната кампања е извонредно динамична, со жестоко темпо за сите учесници во изборната трка. Може да се констатира дека во изборната кампања се вклучени сите ресурси на политичките партии, почнувајќи од општинските партиски комитети до лидерите и високите функционери на политичките партии. Очигледно е дека локалните избори повторно добија карактер како да се води борба на живот и смрт – политичка, се разбира.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС  Претпоследен ден од пописот. До денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, реагираше на документот објавен во ЕУОбсервер утрово во кој се вели дека е доведен во прашање безвизниот режим со ЕУ за источните земји.

Одговарајќи на новинарско прашање попладнево, Јохансон рече дека Европската комисија предложи алатка за суспендирање на безвизниот режим за земјите што не ги почитуваат своите обврски за реадмисија, но дека земјите од Западен Балкан не се засегнати.

ИНТЕГРАЦИИ Заменикот на претседателот на Владата Фатмир Битиќи, денеска го прими амбасадорот на Големото Војводство Луксембург, Филип Донкел, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји со фокус на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, амбасадорот Донкел ја потврди поддршката на Големото Војводство Луксембург за перспективата за европска интеграција за сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Денеска во Скопје, на настанот по повод завршувањето на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и во установите за лишување од слобода“, што го реализираат Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права, свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во обраќањето, тој се осврна на полициските постапувања, пред сѐ од аспект на заштитата на човековите права и слободи, не само како меѓународно нормирани правни стандарди туку и, примарно, како темелни уставни вредности на сите демократски општества, сѐ уште претставуваат подрачје на посебен јавен и институционален интерес.

ЗДРАВСТВО Досега, 52 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирании, а една доза вакцина примиле 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 43,5 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, при што се регистрирани 454 нови случаи со КОВИД-19, како и девет починати лица и 308 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

ВИСТИНОМЕР Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Трет ден од изборната кампања за локалните избори, во која политичките партии и кандидати за градоначалници ветија нови паркинг места, уредени спортстки терени, бесплатен градски превоз и нови еколошки автобуси, изградба на адреналински парк…

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

СЛОБОДНА ЗОНА 

Денешново перманентно „кукање“ на актуелниве изборни кандидати за материјалните аспекти на нашиот градско-општински живот не само што е здодевна, туку е и неточна, еднострана интерпретација на современиот градски живот – духовната сиромаштија во државава е, ако не поголема, макар еднаква со материјалната истоштеност и на граѓаните и на градските буџети, читајте во колумната на Сашо Орданоски  „Градоначалничките визии треба да ни ги допрат и срцата, а не само џебовите”.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ