Граѓаните на земјите членки на Европската Унија синоќа завршија со гласањето на европските парламентарни избори. По 25 години слаба излезност на овие избори, европејците излегоа на гласање со рекордни над 50%. Според резултатите од гласањето, Европа се оддалечува од десничарскиот и националистички модел на владеење, и се приближува кон реформирање и обновување на Европа.
Двете најсилни партии остануваат Европската народна партија со освоени 179 мандати и социјалистите со 150 пратеници, и двете партии освоија 37 пратеници помалку од претходниот состав. По синоќешните резултати Либералите АЛДЕ стануваат трета политичка сила со 107 мандати дури 40 повеќе од досега. Зелените добија 70 мандати, односно 18 повеќе од досегашниот состав на парламентот.
За да се формира мнозинство во Парламентот, на Европската народна партија и на социјалистите ќе им треба подршка од Либералите или Зелените.
Иако се чини дека десничарските и националистички политички струи во Европа се поразени, сепак, во Франција победи Националниот Фронт на Марин Ле Пен. По победата, Ле Пен изјави дека за неа ова не е само политичка победа, туку и лична, односно победа над Емануел Макрон, со којшто се натпреваруваа за претседателското место на Франција. Про-европските центристи на Макрон ќе се приклучат на блокот на либералите – кој ќе биде трета група по големина во парламентот, и којашто наскоро ќе има доволно моќ да ја диктира својата визија за Европа.
Во Италија, екстремната десничарска лига предводена вицепремиерот Матео Салдини освои 23, 53% од гласовите. Во периодот до изборите, Салдини јавно зборуваше за неговиот план за изградба на паневропска десничарска алијанса со цел реформирање на ЕУ според негови услови. И во Унгарија, партијата Фидес популистичкиот премиер Виктор Орбан победи со 52%.
Дека европската политика и не е баш добро фрагментирана, покажуваат резултатите од изборите, и предизвикот што го претставуваат за да се изгради каков било консензус. Тие точно ги одразуваат екстремните поделби не само меѓу 28-те земји-членки на ЕУ, туку и поделбите во тие земји.
Во Австрија Народната партија на конзервативниот премиер Себастијан Курц доби голема поддршка од гласачите, но тој овој понеделник мора да се соочи со гласање на доверба за неговата влада во парламентот во Виена. Како последица на „Аферата Ибица“, десните популисти од ФПО кои неделава беа исфрлени од владината коалиција добија помалку гласови од претходно. Првиот човек на партијата Хајнц – Кристијан Штрафе минатиот викенд даде оставка од вицепремиерската позицијата откако во јавноста беше објавено тајно снимено видео во кое се гледа како нуди услуга на руски инвеститор за соодветен надомест.
Во Грција, партијата Сириза на лево популистичкиот премиер Алексис Ципрас, загуби од конзервативната опозиција. Ципрас најави предвремени парламентарни избори.
Изненадување на овие избори беа резултатите за европските избори во Велика Британија која ја напушта ЕУ, но се уште без договор за Брегзит. Новата “Брегзит-партија” на противникот на ЕУ Најџел Фараж, победи со 31,5% поддршка од гласовите, со што ги прегази владеачките конзервативци. По изборните резултати, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, најави оставка.
Д. Т.