Европската комисија го поздрави усвојувањето на Законот за амнестија за настаните во Собранието, од 27 април, и го оценува како можност за помирување во општеството.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, во пишана изјава објасни дека одлуката на Собранието да го усвои Законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор кон помирување на општеството и за надминување на болната поларизација.
„ЕУ очекува усвоениот закон да не се меша во независноста на судството, кое самостојно треба да одлучи за тоа кој се бил вклучен во органиизрањето и извршувањето насилства, како и за тоа кој не ги исполнил своите службени обврски на 27 април 2017 година“, додава портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ.