Денеска е 22 јули – Европски ден на жртвите на криминал од омраза прогласен од Советот на Европа. Целта на овој датум е да се воспостави како ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да им се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, за спроведување на законот и за подигнување на јавната свест со цел да се осудат и да се спречат таквите кривични дела.
Пример за тоа е и коментарот на Фејсбук на Теодора Бојанџиска која повикува: „А некој ѓупците да ги претепа“, бидејќи била револтирана поради тоа што наводно две ромски деца во Струмица (според објавен пост на Фејсбук од страна на некакво здружение за заштита на животни од Струмица) фрлиле куче во поток. Поради тоа, таа повикува да се тепат сите „ѓупци“.
Криминалот мотивиран од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишува како криминал од омраза. Криминал од омраза претставува секое кривично дело каде што сторителот е мотивиран од некоја карактеристика на жртвата, како што е: раса, етничка припадност, религија, политичка припадност, сексуална ориентација или друго својство. Секој може да биде жртва на криминалот од омраза, иако припадниците на ранливите заедници се најчестите жртви.
Извесен Аце Ивановски на профилот на пратеникот Самка Ибраимовски пишува: „Како си бе цеде ром, па направивте циганска работа ти и твоите пријатели од СДСМ, ќе го јадете к….т“.
Говор на омраза, расна дискриминација, вербална пресметка со неистомисленици, односно жртвите на криминалот од омраза во Македонија се бројат се` повеќе.
Дехран Муратов