Categories

ГРИЖА Фејсбук патриотизам од азил и пишман екс – министерски указ

Последната фаза на процесот за измените во Уставот на Република Македонија, што се спроведува во Собранието во изминатите два дена, е под будното око на целата јавност во земјата, регионот и Европа. Случувањата во, и надвор од Собранието будно ги следи и поранешниот премиер, сега во бегство, Никола Груевски, од Будимпешта, каде што престојува во својство на азилант.

Минатата вечер Груевски се јави на својот Фејсбук профил со долго писание, загрижен за иднината на Македонија.

“За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам.

Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.

Незаборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците.

Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи.“, им порачува, меѓу другото Никола Груевски на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

Поранешната министерка за внатрешни рабооти на Република Македонија, Гордана Јанкулоска веднаш по објавата на Груевски, на својот профил го искара за неговата наводна грижа за Македонија.

„Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото.“, напиша Гордана Јанкуловска, како одговор на јавното обраќање на Никола Груевски од Будимпешта на Фејсбук.

Д. Тахири

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email