Categories

МЕРКИ Фејсбук размислува за ограничување на преносите во живо по нападот во Нов Зеланд

Фејсбук размислува за ограничување на лајв стримнигот по преносот во живо од нападот во Крајстчер, Нов Зеланд. Главната оперативна директорка, Шерил Сендберг, се согласува дека треба да се преземат мерки за да се надминат таквите пропусти.

“Многумина од вас со право се прашуваат како онлајн платформи како што се Фејсбук беа користени за да циркулираат ужасни видеа од нападот … Ги слушнавме повратни информации дека мора да сториме повеќе – и ние се согласуваме”, изјави Сендберг.

Нов Зеланд, исто така, ќе ги разгледа своите закони за говор на омраза. Министерот за правда, Ендрју Литл, изјавил дека актуелните закони не се однесуваат на “злобните и омразените нешта што ги гледаме на интернет”, и дека Владата и Комисијата за човекови права ќе работат на донесување предлози до крајот на годината.

Print Friendly, PDF & Email