Во истражувањето, или анкетите на Феминистичкиот клуб учествуваа вкупно 334 лица. Анкетата беше отворена за сите, независно од возраста, сепак, највеќе одговори има од студенти кои се пожалија на професорите.
„Феминистичкиот Клуб ќе се обрати до ректоратите на двата универзитети и ќе ги пријави случаите. Бидејќи немаме факти, и случаите не се потврдени, бараме соодветен начин за претставување во полицијата и обвинителството. Сепак, повторувањето на имињата на истите професори од анкетираните, остава мал простор за сомнеж за нереални пријави. Апелираме до студентите доколку имаат факти за пријавените случаи, да ги пријават во полиција, или да ни ги достават нам, за да имаме и факти, бидејќи обвиненијата без факти нема да нè однесат никаде“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Рита Бехадини.
Истражувањето на Феминистичкиот клуб е во рамки на проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“ кој се спроведува во три фази: онлајн конкурсот на кој учениците и студентите имаат можност на креативен начин преку фотографии да ја претстават родовата дискриминација во образованието, истражувањата за родова дискриминација и прикажување на резултатите на тркалезната маса, како и изложба со фотографиите од конкурсот.
Дехран Муратов