УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Изборите, генерално, се одржаа во демократска атмосфера – опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека гласањето било „со многу позитивна енергија“, власта дека сме имале „фер, слободни и демократски избори“ – и покрај разните „превентивни“ постизборни набројувања на случаи на наводен поткуп и притисок врз гласачи. На еден час по изборите, Оливер Спасовски соопшти дека на денот на гласањето биле пријавени само 91 изборни „настани“, без посериозни инциденти, што е многу помалку од некои минати изборни времиња. Добро изведените избори се важен тренд за стабилизирање на демократијата во Македонија, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ на ЦИВИЛ со најновите информации од изборниот мониторинг на првиот круг од Локалните избори ќе се емитува денес, (понеделник,18 октомври) во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Прес-конференција на набљудувачката мисија на ОДИХР за локалните избори во Северна Македонија. .
НАСТАНИ
ОДБРАНА: Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.
СОСТАНОК: Меѓународното европско движење (EMI) ќе одржи состанок, на кој ќе се разговара за иднината на Европа и на Западен Балкан, а од македонското Европско движење е испратена порака во вид на Изјава што ќе биде пренесена на состанокот.
НАУКА: Свечено отворање на шестите „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“ во Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев