Со згаснувањето на СЈО не заврши бирбата за правда во земјава. Со новиот закон за Јавно Обвинителство, поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека борбата продолжува а во тоа сега се фклучуват сите обвинители. “Новите одредби се нова законска рамка што им дава и можности на обвинителите за заедничка борба против криминалот и корупцијата. Начините за нивно користење зависат од обвинителите”, истакна Фетаи по денешното рочиште на Монструм.
Со слична порака денеска кога на сила стапи новиот закон за ЈО, се изјасни и обвинителката Ленче Ристовска. И та напиша на Фејсбук дека борбата за правда продолжува и дека тоа бил нејзин идеал од првите денови во СЈО.
“Специјалното Јавно Обвинителство за мене беше симбол на борба за идеали, за борба за правда, за интегритет, за подобра иднина, за борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципиелно и однесување со интегритет”, напиша Ристовска на Фејсбук.