Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека не се спротивставува на воведувањето квоти за мигрантите, како и дека е важно хумано постапување кон мигрантите.
– Прашањето за управување со целите на престој не е табу. Не се плашам да размислувам за идејата за квоти, рече Филип. Тој додаде дека системот за обезбедување бесплатна медицинска грижа за имигрантите кои немаат службен статус во Франција ќе биде преиспитан.
Според него, Франција треба да се грижи за сите што живеат на нејзината територија.
Во Франција минатата година биле поднесени 123.000 барања за азил, што е за околу 22 проценти повеќе од 2017 година.
извор: МИА