Состојбата на првата пациентка од Дебар кај која што беше дијагноситициран коронавирус во исто време со нејзиниот сопруг, ѝ се влошува и од утрово е приклучена на машина за механичка вентилација со соодветната терапија, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој, исто така, кажа и дека првозаразената пациентка во државава, во понеделник ќе биде пуштена од болница на домашно лекување.
„Ги чекаме резултатите на четирите пациенти од вчера, а од нив едно лице е 15 годишно момче со лесна форма на болест. Од денеска се тестираат уште 7 лица, од кои шестмина се од Дебар. Од тие шестмина, четворица имале директен контакт со заболените. Брисеви се земени и од епидемиологот и техничарот. Уште едно лице странски државјанин од Битола утрово се јави за тест. Двајца македонски државјани, дојдени од Шпанија, македонски државјани, утрово се јавиле на преглед заради покачена температура, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупно заразени дијагностицирани во текот на денот ќе бидат 12 лица.
Кризниот штаб денеска предложи до Владата да се затворат и трговските центри и моловите.
„Во Дебар болницата е добро организирана, епидемиолог и инфектолози се на располагање за сите пациенти од овој регион. Директороот на дебарската болница е одговорно лице. Посебен дел од болницата е за преглед на сите пациенти од овој регион кои имаат симптоми. Сите други лекари се во целосна подготвеност. Снабдувањето на аптеките во Дебар од веледрогериите оди согласно новите процедури и правила за влез и излез од градот“, рече Филипче.