Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на својата Фејсбук страница упати благодарност до здравствените работници.
-Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до нив и сите здравствени работници кои неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте на своите работни места.
До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.
Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.
Заедно ќе надминеме!












