Четири лица што биле во контакт со втората група на хоспитализирани лица од Дебар се позитивни на корона вирусот, од вкупно десет што се тестирани, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Филипче информирааше дека еден патник е стигнат на скопскиот аеродром од Германија, државјанин на РСМ и регистриран со лесно покачена температура. То и патниците што биле околу него се изолирани и дополнително ќе се информира за нивната состојба.
Филипче уште еднаш повтори дека мерките мора апсолутно да се почитуваат.