Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната симулација за вакцијанација во СЦ „Борис Трајковски“, изјави дека вакцинацијата во земјата се одвива добро и дека во понеделник со вакцината „Суптник V“на оваа локација ќе се вакцинираат околу 3.000 граѓани.
„Денеска ќе направиме проба како ќе биде текот на процесот, каде ќе се прави првичниот прием, понатаму проценката и пристапот, каде ќе се прави иницијалниот преглед и оној дел каде ќе се издаваат потврдите и датумот за ревакцинација. Веќе тука се и фрижидерите каде ќе се донесат вакцините. Ќе има и обележани делови за итна медицинска помош и секако овој централен простор помеѓу пунктовите наменет за 15-20 минути опсервација по завршената вакцинација“, објасни Филипче.












