Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека возачот на комбето со кое патувала жената кај која е потврдено присуство на корона вирусот се пријавил со симптоми на болка во градите и кашлица, при што му е направено тестирање и резултатите се очекуваат за неколку часа.
Филипче извести дека тој е на инфективното одделение во струмичката болница и немал контакти со никого од моментот кога пристигнал во земјава.
Возачот деновиве бил во домашна изолација, сам, а за симптомите пријавил на телефоните на Институтот за јавно здравје.
Пациентот што изутринава беше тестиран, е негативен на корона вирус.