• Latest

Финансии: Од ММФ го поздравија доброто водење на економските политики, мерките помогнаа да се задржи вработеноста

December 17, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансии: Од ММФ го поздравија доброто водење на економските политики, мерките помогнаа да се задржи вработеноста

December 17, 2021 15:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економското опоравување се очекува да продолжи во 2022 година, кое ќе биде движено од силната домашна побарувачка. Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието од пандемијата врз економијата. Буџетот за 2022 година продолжува да ја поддржува економската активност и соодветно го намалува трошењето поврзано со пандемијата. Инфлацијата ќе почне да се намалува во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во периодот потоа. Ова се суштинските поенти во Изјавата на Мисијата на ММФ објавена по завршувањето на консултациите во врска со член 4 од Договорот со ММФ, соопштуваат од Министерството за финансии.

Притоа во Изјавата, Мисијата ги препознава преземените мерки од страна на Владата за справување со пандемијата.

„Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието од пандемијата врз економијата. Фискалните мерки за поддршка помогнаа да се спречат големи отпуштања од работните места и да се заштитат оние кои се најранливи, додека монетарните и финансиските мерки ја одржаа кредитната поддршка за економијата“, се вели во Изјавата.

Понатаму Мисијата нотира дека со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат повеќе средства во здравствениот сектор, вклучително и средства за вакцини, а воедно се обезбедува рамка за флексибилен одговор на потребите поврзани со пандемијата.

Среднорочната фискална стратегија е клучна за обнова на фискалниот простор, при што се препорачува продолжување на напорите за фискална консолидација со што ќе се обезбеди фискален простор за одговор на идни шокови.

Мисијата во Изјавата нотира дека понатамошните подобрувања во делот на управување со јавните финансии ќе значат поддршка на планот на Владата за зголемување на инвестициите и погенерално, ограничување на фискалните ризици.

Тие го поздравуваат досегашниот напредок во обезбедувањето транспарентност и отчетност во користењето на јавните пари, со препорака истиот да продолжи.

Во однос на економските движења за наредната година се очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, растечките дознаки и користењето на дел од кумулираните заштеди да влијае на зголемување на расположливиот приход. Мисијата очекува солиден раст на извозот, иако, како што нотира, на истиот неповолно ќе влијаат нарушувањата во синџирот на снабдување, особено во автомобилскиот сектор, додека големата домашна побарувачка подразбира висок раст на увозот.

Притоа се предвидува растот да се зголеми од 4 проценти во 2021 година, на 4,2 проценти во 2022 година, главно поттикнат од големата домашна побарувачка, стои во соопштението од Министерството.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ