Со оглед на искуството на Финска со Русија, во минатото, начинот кој го одбира Русија за да ја провоцира безбедноста на Финска е токму тоа што претседателот на оваа Балтичка земја, Ниинсто објаснува во интервју со колумнистот на Блумберг, Илај Лејк, објавено во американскиот Њузмакс.
После доаѓањето на власт на Ниинсто, тој отворено почна да кажува дека вратите на Финска за НАТО се повторно отворени после 2012 година. Во минатото кога се граничеше со СССР, Финска одлучи да не цели на надворешна политика која би ја налутила Москва.
Имено во 2016 година, Русија прати 1000 „мигранти“ на граница со Финска да бараат азил, иако финските власти констатирале дека повеќето од мигрантите се лажни баратели на азил. Тоа беше една мала верзија на пропаднатиот обид на Фидел Кастро познат како „Мариел Боатлифт“, кога кубанскиот лидер ги испразни затворите за да ги пушти истите на граница и да се претстават како граѓани кои се обидуваат да заминат од Куба.
После руската инвазија (анексија) на Крим, владата на Ниинсто ги прекина контактите со Русите, исто така постави и санкции, во согласност со пошироката политика на Европската Унија.
Фински владини функционери велат дека нема да и дозволат на Русија да го користи нивното тло, воздушен простор или море за напад врз нивните балтички соседи.
На ова, владата на Ниинсто вели дека војската е спремна да мобилизира 280 ијлади војници за 48 часа да се одбранат во случај на инвазија. Овој став влече корени од одбраната на Финска на својата територија во 1939 против Црвената Армија што е познато како Зимска Војна.
Засега Финска се соочува со мали провокации од страна на Русија, за кои стратези од Пентагон велат дека се само мали „бодежи“. Во последните години повеќе руски авиони прелетуваа над финското небо без транспондери.
„Не верувам дека Русите би ја нападнале Финска или балтичките земји посебно. Ако има вооружен конфликт, тоа би го ставило светот во оган“, вели Ниинсто.
Ариан Мехмети