Categories

ОДГОВОРНОСТ Финската влада поднесе оставка

Владата на Финска  денеска поднесе оставка поради неспроведените реформи во здравствениот систем, еден месец пред парламентарните избори во земјата, соопштуваат од кабинетот на претседателот на Финска.

Шефот на државата, Саули Нинисто ја прифати оставката на премиерот Јухе Сипиле и побара неговата Влада да продолжи да ја извршува должноста во преодниот мандат до именување на нов кабинет.

– Сипила поднесе оставка бидејќи здравствената реформа не може да се заврши во текот на мандатот на оваа Влада, напиша на Твитер, Анти Каиконен, шеф на пратеничката група на партијата на Сипила „Центар“.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email