• Latest

Фон Дер Лајен во Скопје, ЦИВИЛ секогаш подготвен за избори но против честите предвремени избори, уште 2 дена попис

September 28, 2021

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Фон Дер Лајен во Скопје, ЦИВИЛ секогаш подготвен за избори но против честите предвремени избори, уште 2 дена попис

September 28, 2021 18:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Скопје

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево пристигна во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Од таму, таа се упати кон Владата на Република Северна Македонија, каде беше пречекана  од премиерот Зоран Заев.

„Вистина е дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас. Европската комисија, и јас самата, стоиме на тоа дека вие постигнавте извонреден напредок и сакам да бидам јасна дека сега ЕУ треба да испорача, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

Фон дер Лајен изрази целосна поддршка за формалното отворање пристапни преговори со земјава што е можно побрзо.

– Целосно го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, колку што може побрзо. Не губете верба, изодевте толкав пат, достигнавте голем напредок. Имате поддршка од многу пријатели во ЕУ и ајде работиме вредно кон одржувањето на таа прва конференција, тоа ќе биде нашата заедничка цел, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК ги поздрави реформите што државава ги спроведува, особено, како што рече, во областа на владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи оти е важно да се продолжи со тој напредок, изразувајќи уверување оти тоа ќе биде наградено.“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала: Цивил секогаш е подготвен за избори, но тоа не значи дека сме ние нешто претерано добри, туку дека во земјава речиси секоја година има избори, па едноставно кога ќе заврши едниот изборен процес, ние веќе се спремаме за наредниот, истакна Џабир Дерала денешното гостување во „Утрински брифинг“, на „Слободен печат“.

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ

Изборен рапорт (2): Предвремените избори се шок за системот, ЦИВИЛ нотира и црна кампања

Иако беше најавено дека „Изборен рапорт“ ќе се емитува во понеделник, среда и петок, тимот на ЦИВИЛ одлучи да подготви вонредно издание.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС  До крајот остануваат уште два дена пописни активности. Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

ИНТЕГРАЦИИ По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета.

Претседателката на ЕК турка за одржување на Меѓувладина конференција за Албанија и за Северна Македонија пред крајот на оваа година, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Таа истакна дека нема промена во ставот на Европската Комисија по ова прашање.

СОБРАНИЕ    Нема пречки да се свика итна седница на која би се разгледала можноста за продолжување на пописот, но треба да се достави предлог од Владата или од група пратеници и да има политички консензус меѓу сите политички партии во Собранието.

Согласно процедурите, ваква итна седница може да свика претседателот на Собранието, но вообичаено вакви седници се свикуваат со барање на 20 пратеници.

ЗЕЛЕНИ Скопската депонија „Дрисла“ годинава ќе добие автоклав или машина за третман на медицински отпад, како и мерна станица за амбиентен воздух. Депонијата доби и ИПА проект од 800.000 евра за рециклирање на градежен отпад. Но, проектите за секундарна селекција на отпадот, третман на индустрискиот отпад и постројката за пакување на отпад, кои се исклучително важни за превенција на климатските промени и намалување на загадувањето, изгледа дека ќе почекаат.

ЗДРАВСТВО   со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55 отсто, кај лицата помеѓу 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31 отсто. Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.

ДИПЛОМАТИЈА  Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска потврди дека професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.

ВИСТИНОМЕР  Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да се земе како веродостојно.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Втор ден од изборната кампања, со разни ветувања: за бесплатен градски превоз во Скопје, бесплатно овошје за сите средношколци, борба со урбаната мафија… Продолжува политичка злоупотреба на деца во изборна кампања. ЦИВИЛ со став за најавите за можни предвремени избори: Тие се шок за системот. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси да се одржуваат во редовните термини.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

СЛОБОДНА ЗОНА 

Груевски е отсутен, Коцарев е небитен, Иванов е апсолвиран долго пред да го заврши својот претседателски мандат, а Црвенковски својата катастрофична рефлексија ја сведе на неколку поенти кои сведочат дека денешните проблеми не се од вчера – прилично напротив!, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Кога ревизионистите маршираат во МАНУ”

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ