• Latest

Франција со поддршка за дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, процесот на измените на Изборниот законик да се отвори побрзо, скопјани нема да останат без греење

January 14, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Франција со поддршка за дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, процесот на измените на Изборниот законик да се отвори побрзо, скопјани нема да останат без греење

January 14, 2022 16:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСT НА ДЕНОТ: Франција дава поддршка за разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција на којашто ги претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, надополнувајќи се на изјавата од Бомгартнер додаде дека ништо не е променето и оти односите со Западен Балкан и Северна Македонија остануваат во иста рамка за стабилизација и асоцијација.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

„Тезата на генералниот директор на Хуман рајтс воч, се провлекува веќе од минатата година. Тоа е на некој начин продолжување на еден позитивен тренд кој го согледува ХРВ, за разлика од тоа што го гледаат другите, би рекол, речиси сите други релевантни невладини организации за човекови права во светот. Се работи за тоа дека, според него, има огромен демократски потенцијал кај граѓанките и граѓаните низ целиот свет, и смета дека тоа е еден потенцијал кој во една многу догледна иднина ќе го сопре трендот на автократизирањето во државите, вели претседателот на ЦИВИЛ,  Џабир Дерала, во однос на годишниот извештај на Хјуман Рајтс Воч, во емисијата Утрински брифинг.

„Русија во целата оваа ситуација се однесува анахроно, гледајќи го и однесувањето на руските претставници како од некои претходни времиња. Реакцијата вчера беше многу нервозна и пораките беа многу остри кон Русија“, вели Александар Николиќ Писарев на гостувањето во Слободна ТВ, на Утрински Брифинг.

*

И Мицкоски кога беше избран за лидер исто важеше дека е пион на Груевски. Не е во ред таквиот речник за комуникација меѓу партиите и меѓу лидерите. На ист начин беше избран и Мицкоски и најмалку тој треба да кажува дека Ковачевски е пион, вели аналитичарот Александар Кржаловски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Има уште многу прашања коишто се отворени во однос на измените на Изборниот законик и тој процес треба да се отвори што побрзо, за да се даде шанса да се изнесат сите аргументи од сите политички партии во тој процес, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.

ПОДДРШКА САД ги поддржуваат напорите на владите на Бугарија и на Република Северна Македонија да работат заедно со ЕУ за решавање на билатералните прашања, соопшти Американската амбасада во Софија.

РЕАКЦИЈА Македонскиот Дипломатски синдикат преку писмо го поздрави заминувањето на Никола Димитров од македонската дипломатија. Во писмото тие велат дека Македонскиот дипломатски синдикат веќе еднаш го имаат поздравено неговото заминување од МНР претходно, а сега повторно, имаат чест и задоволство да го поздравате фактот дека Димитров никогаш повеќе нема да се врати во куќата на македонската дипломатија.

ДКСК Антикорупција со иницијативи да се „среди“ Изборниот законик и да се измени и дополни Законот за вештачење, одговорност за етичко однесување за владини членови.

ПАРНО Дополнителни количества на електрична и на топлинска енергија се обезбедени преку когенеративната електрана „ТЕТО“ која ќе работи седум дена во неделата со полн капацитет. Вишокот на електрична енергија ќе го откупува АД ЕСМ, за што денеска се очекува двете компании да потпишат договор.

ДИСТРИКТ 

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Рубин Земон – Египјанин, стружанец, етнолог, доктор на науки, универзитетски професор, политичар, хуманист, борец за човекови и малцински права. 

Тој во Дистрикт зборува за: Науката, творештвото, политиката, спортот, етникумите, граѓаните, општеството, државата и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

Се очекуваше дека руските претставници во Виена подобро ќе ја разберат загриженоста на членките на ОБСЕ за безбедност и мир во Европа. Бидејќи, сепак, ОБСЕ не е само платформа за соработка на 57-те држави членки, туку и за заедничка приврзаност и одлука на државите членки да градат мир во Европа и иднина без конфликти и војни.

„Сакаме да посветиме поголемо внимание на безбедноста на просторот на ОБСЕ и даваме можност на секоја страна да ги изнесе своите ставови“, изјави Рау, нагласувајќи дека е неопходно сите страни да се фокусираат на мирно разрешување на конфликтот со почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во рамките на меѓународно признати граници.

Полска, како претседавач на ОБСЕ ќе се фокусира на зачувување на мир во регионот од Ванкувер до Владивосток.

Генерална оценка и по третата рунда на разговори е дека воената реторика на Русија и натрупување на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница,  претставува притисок на САД и европските сојузници да ги прифатат условите и желбите на Кремљ, , анализа на Александар Николиќ Писарев во колумната„Русија не ја разбира пораката на Европа“

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ