• Latest

Француско решение за балкански спор, зелената агенда на Нуредини, Германија во енергетски шок

June 22, 2022
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Француско решение за балкански спор, зелената агенда на Нуредини, Германија во енергетски шок

June 22, 2022 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Француски предлог: Кој сѐ е за, против или нешто помеѓу

Пред крајот на претседавањето со ЕУ, Франција изготви документ со предлог за олеснување на решавањето на ситуацијата со бугарското вето за датум за преговори на Република Северна Македонија, наречен „Француски предлог“.

Според првичните информации, Францускиот предлог предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

Северна Македонија и Бугарија, како и земјите членки на ЕУ, деновиве покрај војната во Украина, вниманието го свртеа токму кон овој предлог кој според некои, би требало да биде приближување на двете страни (македонската и бугарската) во однос на барањата од страна на Бугарија до Северна Македонија, нивно исполнување и укинување на ветото за членство (во перспектива).

Францускиот документ со предлозите поттикна жива дебата, многу негодувања за содржината, но и надеж дека патот кон ЕУ конечно ќе се откочи.  Содржината на документот во земјава беше објавена од Дојче Веле, а во него се вели дека Северна Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Во документот се предвидува двете земји со унилатерални декларации да и се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот, а предлагачите ( Франција) нудат уникатно решение за организирање на две Меѓувладини конференции. Првата би се одржала на 23 јуни во Брисел, која ја претставува како „политичка“, и втората во иднина, кога Северна Македонија ќе заврши со уставните измени.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Нуредини: Да се создаде економија од одржлив начин на заштита на природата

„Дали го имаме потенцијалот? Апсолутно. Погледнете наоколу. Имаме едни од најубавите планини во регионот, па дури и во Европа, всушност на Балканот. Балканскиот зелен појас, како што се нарекува, има еден од најбогатите биодиверзитети во Европа. Затоа една од политиките на оваа влада, како и моја, е да се заштити нашата природа и да се користи на одржлив начин. Да се создаде економија од тоа. Тоа е зелената агенда. Да се создаде економија од користење на нашите природни ресурси на одржлив начин. Луѓето би сакале да дојдат да ги посетат нашите планини, затоа имаме нов национален парк на Шара. Затоа работиме на малешевскиот и осоговскиот планински регион. Потенцијалите се бескрајни, но тоа што треба ние да го направиме е да ги разликуваме двете – зелена агенда и кога зборуваме со меѓународната заедница, кога одиме на конференции и зборуваме за тоа и зелена агенда кога зборуваме со нашите граѓани за да им кажеме дека зелената агенда и не значи повеќе трошоци. Ако ништо друго, тоа значи подобра иднина за нас, нашите деца и нашите внуци.“, изјави Нуредини за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Откажување од атомската енергија по Фукушима 2011. година, откажување од јагленот до 2030. година условено со заштита на климата. Масивно користење на обновливи енергии – Германија со сегашната влада (а имаше и со претходната) има амбициозни планови за реорганизација на енергетското снабдување. Речиси срамежливо притоа постојано беше истакнувана улогата на гасот како „премостувачка технологија“. Со други зборови: во Германија уште е потребен гас, за затоплување, во индустријата, за производство на струја. Но, не уште долго, така беше барем планот. Ова меѓутоа припаѓа на друго, минато време. Време во кое слепо се веруваше во Русија како најважен испорачувач на гас, пишува Јенс Турау за Дојче Веле.

ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Министерот за правда Никола Тупанчески оствари работна  средба со експертите од ОБСЕ/ОДИХР, Кеара Касталдо и Раул Мусеран на која  се разговараше за подготовките на нов Изборен законик, информираат од Министерството за правда.

ШТРАЈК Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапија во генерален штрајк  барајќи линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2 806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

САМИТ Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе одат во Брисел и ќе учествуваат на самитот Европска Унија – Западен Балкан.

ЗНАМЕ На хуманитарниот концерт за поддршка на Украина „Embrace Ukraine“ — #StrivingTogether, во главниот град на Холандија, на 21 јуни беше развиено украинско знаме долго 30 метри.

БУГАРИЈА Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Истрагата на Репортери без граници за смртта на украинскиот фоторепортер Макс Левин, покажува дека тој бил егзекутиран од руските војници, веројатно откако бил испрашуван и мачен. Репортери без граници објавија извештај по нивната истрага за убиството на Левин, кој беше пронајден мртов во Киевската област на 1 април, заедно со неговиот пријател, украинскиот војник Олексеј Чернишов.

*

Рафинеријата за нафта во руската област Ростов гори по напад со дронови. Пожар избувна во рафинеријата Новошахтинск во руската област Ростов, објави порталот за вести 1Rnd, пренесува Укринформ.

*

Следната недела делегација од членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го претставува Комитетот за правни прашања и човекови права, ќе ја посети Украина.

ИНТЕРВЈУ

Нуредини: Би било срамно да се блокираат проектите што се во интерес на сите граѓани

ЦИВИЛ разговараше со Министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини за прашања поврзани со зелената политика во земјава и воопшто, при што дознаваме дека неговите ставови и планови не се само теоретски, туку и практични и до точка. За разлика од типичниот балкански политичар, г-дин Нуредини не се плаши да укаже на неуспех или доцнење во постигнувањата, давајќи цврсти аргументи и факти за сите прашања кои се решаваат за време на разговорот. И покрај огромните предизвици со кои се соочува Нуредини и за кои е свесен, откривме дека тој е оптимист во решавањето на најгорливите прашања поврзани со зелената агенда на земјата. Друг специфичен наод е дека г-дин Нуредини е склон да ја префрли одговорноста, сето тоа, на рамениците на владата, а никогаш на граѓаните.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Erwan Fuerre

„Дали политичките лидери во Бугарија се подготвени да водат и сакаат да преземат такви ризици? Северно-македонското раководство веќе даде пример со тоа што се согласи да го смени името на државата според Договорот од Преспа, потпишан со Грција во 2018 година, и покрај огромните политички ризици кои се вклучени и како послаба страна во спорот.

Тоа го направи со разбирање дека тоа ќе и помогне да ги постигне своите надворешнополитички цели и да ја отвори вратата за пристапни преговори со ЕУ, како што беше ветено.“, прочитајте во анализата „ЕУ не смее да ги изневери своите ветувања за Западен Балкан“, од Ерван Фуере.

Џелал Незири

„Дали навистина е дојден моментот кога Балканот почнува да се европеизира без присуство на јасна европска перспектива? Дали земјите од регионот наместо непријатели можат во соседите да гледаат можни сојузници? Може ли балканските земји да го напуштаат реалистичкиот пристап во меѓународните односи, кој ги засили соништата за големи држави и да го прифатат либералниот пристап, кој претпочитува соработка и над-државни иницијативи? Имаат ли сила да побараат извинување за злоделата во минатото? Имаат ли сила да простат за да одат напред?“, прочитајте во анализата од Џелал Незири „Помирување или војна“.

БРЗА ПОШТА

„Во меѓувреме, јавниот простор станува жежок, нетрпеливоста расте и (полу)информации доаѓаат од сите страни. Она што најмалку можеме да го направиме е да се обидеме вистинските информации да стигнуваат до мнозинството граѓани и да не долеваме само масло на огнот преку јавни ставови кои всушност имаат тесен политички контекст. Има време за политика, време сите да покажеме државност.“, Брза пошта од Сотир Габелоски „Кој сака да профитира од бугарското вето?“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ