Categories

ГРЦИЈА Фрлена рачна бомба во Рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека од фрлената граната нема повредени, а предизвикана е мала штета, пренесе „Катимерини“.

Бомбата ја фрлило лице кое поминало пред зградата со мотор, во акција типична за некои екстремно левичарски грчки организации.

Квартот кадешто се наоѓа конзулатот, во предградието на Атина, итно бил затворен и специјалните тимови за детонирање на бомби биле испратени на местото на инцидентот, изјавија од полицијата.

Нападот се случи околу 4 часот утрово по локално време, кога рускиот конзулат бил затворен. Рачната бомба не експлодирала и никој не е повреден.

Полицијата се обиде да утврди дали акцијата е поврзана со мотоциклот кој подоцна бил пронајден запален во центарот на Атина.

Print Friendly, PDF & Email