Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), стапува во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати. Од таму додаваат дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот.
„Во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи. ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност. Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар (вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај“, се вели во соопштението од Фондот.
Од ФЗОРСМ информираат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.
Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата, покрај ова, Подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита, се вели во соопштението од Фондот.
Од Фондот, исто така, посочуваат дека навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните.