УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Ретка е и крајно невообичаена оваа стратегија во политиката: да се „заканиш“ со оставка не откако, туку пред да ја добиеш или загубиш крајната изборна трка! Во коцката тоа се вика ол ин, па кому иде! Влогот е крупен, најкрупен, но користи како еден вид ставена изборна хипотека, имотна гаранција за „кредитот“ што се бара од гласачите кога во вториот круг од гласање ќе ја потпишуваат бирачката „меница“ со главниот протагонист од власта, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „За Витешкиот медал од Редот „Клоца в газ“”.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ПОСЕТА: Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.
ИНВЕСТИЦИИ: Прес-конференција на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и Наташа Сивевска од Текстилно Трговско здружениен – Текстилен кластер.
НОВИНАРИ: Прес-конференција на Здружението на Новинари на Македонија пред канцелариите на ЗНМ.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ: Одбележување на месецот за борба против рак на дојка каде свое ораќање ќе имаат сопругата на претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, генералната директорка на Рамстор Македонија, Даниела Адемоска и претседателката на Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“, Биба Додева.
ПРОЕКТ: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе се обрати на завршниот настан за проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија.
КОНЦЕРТ: Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром на ПЛОЧНИК – Градски ѕид.
НАУКА: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организира посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев