Наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, свечено ќе се додели на 17 декември, понеделник, во Јавна соба, со почеток во 20 часот.
„Основните критериуми за наградата се јавното добро, односно јавниот интерес пред сè. Во некоја поширока слика медиумите не се само пренесувачи на информации, туку се и субјекти кои креираат некаква јавност. Синдикатот на новинарите и медиумските работиници е еден од иницијаторите за оваа награда. Ние како синдикат влеговме со идеја дека јавно добро е и добар однос кон вработените во медиумите… Како член на жирито, можам да кажам дека медиумите тешко ги исполнија овие критериуми. Но, наградата е замислена како стимуланс или поттик да размислат медиумите и околу овој дел од нивната обврска. Не можат медиумите да бараат права за сите други, а да не ги исполнуваат сопствените обврски“, изјави Ѕвездан Георгиевски, новинар и в.д. претседател на ССНМ.
Георгиевски истакна дека наградата го носи името на Роберт Беличанец, затоа што тој е поттсетник за тоа како новинарството работи за јавното добро.
„Целта на наградата и на Синдикатот е да го вратиме достоинството на новинарот и да го има својот дигнитет и интегритет“, вели Георгиевски.
На конкурсот за наградата се пријавиле 8 медиуми што, според Герогиевски, е прилично мал број с оглед на регистрираните медиуми во Македонија. Георгиевски смета дека тргагичното е што медиумите не се препознале во оваа награда, затоа што сфатиле дека не прават јавно добро.
Биљана Јордановска