„Јас сум еден од оние на кои никогаш не им е јасно што точно значи патриотизам а што национализам, иако, нормално ги знам и сум ги читал дефинициите. Тоа е една општа тема за која може да се зборува со денови и денови и да не се каже ништо и да не се каже ништо…“ рече новинарот Ѕвездан Георгиевски на денешната панел дискусија „Патриотизам – да! Национализам – не!“ кој го организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„Прочитав интересна споредба патриотизмот е љубов, национализмот е љубомора. Љубовта не е толку апстрактна колку што, на пример, мене ми е апстрактен патриотизмот. Љубовта е секогаш условена, освен родителската…
Зошто би ја сакал јас државата ако таа не ме сака мене? Како се изразува љубовта кон државата? Ако навивам за македонската репрезентација или како?
Ние во овој момент имаме две Македонии во однос на референдумот. И тие што ќе бојкотираат или се против себе си се сметаат за патриоти затоа што сметаат дека договорот и штети на Македонија. И тие што се „за“ се сметаат себе си за патриоти бидејќи сметаат дека тоа е најдобро за оваа држава…
Јас патриотизмот би го сфатил или би го пренасочил од она старото размислувајте глобално делувајте локално. Сакам да живеам во уредена и цивилизирана средина. Немам сомнеж дека можам да ја променам мојата татковина. Државите се минлива категорија. Човековиот род треба да опстане понатаму… Дајте да направиме некако да живееме нормално и стабилно“, истакна Георгиевски.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.