Во денешниот разговор со Герасимовски зборуваме за постапката на вкрстување на податоците која се планира на претстојниот попис.
Во пресрет на подготовките за пописот кој според најавите ќе се спроведе во 2020 година, ЦИВИЛ Медиа направи серија разговори со поранешниот директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис, Дончо Герасимовски.
Сите актуелни прашања поврзани со пописот во 2020 година можете да ги проследите на медиумската платформа на ЦИВИЛ преку низа разговори со Герасимовски.
ЦИВИЛ МЕДИА: Во јавноста се создаде впечаток дека токму вкрстувањето на податоците е една од причините за хаосот во Избирачкиот список. Дури и Државната изборна комисија неколкупати до сега нагласи дека соработката и ажурирањето на податоците во МВР не е на највисоко ниво? Најавивте дека се планира вкрстување на податоците и на претстојниот попис. Постои ли можност на пописот да ни се случи истото што ни се случи и со Избирачкиот список, во однос на резултатите?
ГЕРАСИМОВСКИ: Податоците од најразлични институции секогаш доведувале, и во Избирачкиот список, а веројатно и сега во пописот, до одредени отстапки коишто би останале неоткриени, односно непотврдени. Не е тајна дека околу 170.000 граѓани, државјани на Република Македонија не можеа да се најдат каде се, па потоа се намалуваа. Колку се намалени е друго прашање. Но, затоа кога ќе ве вметнат во базата на податоци, во вашето населено место, во вашиот таканаречен пописен круг, каде што ќе правам јас попис и ќе ги имам вашите податоци, тогаш ќе се потврди дали сте тоа вие или не.
Земјите коишто користат регистар на население ве имаат со сите податоци коишто се потребни за попис. Доаѓаат кај вас и само ги проверуваат истите дали се веродостојни или не. Во Америка, на пример, тоа се врши преку пошта, ви го праќаат писмото со сите податоци, а вие користите модел за да ги направите промените.
За жал, вкрстувањето на податоците кај нас не функционира во целост и тука се проблемите коишто настануваат. Но проблемот е и во самите граѓани, односно државјани на земјата. Затоа што граѓаните не си вршат своите граѓански обврски и должности. Во Законот за живеалиште и престојувалиште секоја промена на вашата адреса треба да биде пријавена во рок од 15 дена. Но, за жал, тоа не го правиме. Понатаму проблем се улиците и куќните броеви и колку навремено и точно истите се ажурираат во системот. Затоа сметам дека секој граѓанин треба да даде свој придонес за средување на состојбите во државата.
Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Прочитајте повеќе:
Дали Македонија е подготвена за попис?
Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?
Герасимовски: Интересот на државата пред сè!
Законот за попис треба да се донесе преку јавна дебата.
Ако има политичка волја ќе има и попис!
Пописот и Избирачкиот список не се во функција еден со друг
Утре ќе читате: Препораки за успешен попис на населението во 2020 година