На конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа?, Н.Е. Амбасадорот на Германија Томас Норберт Герберих, упати честитки до организаторите, но и Македонија во нејзиниот прогрес кон ЕУ.
Во прилог говорот на Н.Е. Амбасадорот Герберих:
„Советот за општи работи на ЕУ на 26 јуни ги донесе заклучоците за пакетот на Комисијата на ЕУ за проширување на Унијата. Како резултат на значајниот напредок во реформите во Македонија и Албанија, Советот е уверен дека преговорите за пристапување кон ЕУ може да започнат со двете земјi во 2019 година. Европската Унија ги одобри заклучоците на 29 јуни.
Ова ќе ѝ овозможи на Комисијата на Европската Унија да започне со подготвителна работа. Следствено, може всушност да се започне со одлука на Советот во 2019.
Особено би сакал да Ви честитам Вам, Премиере Заев, од сé срце. Честитките, се разбира, се упатени и кон целиот Ваш кабинет и до сите граѓани на Македонија кои неуморно работеа на реформите кои водат до конечна евроатлантска интеграција.
Мошне сум задоволен што исто така беше возможно да се воспостави ЕУ консензус со кои се овозможија овие одлуки на Советот.
Тоа не беше едноставно во Брисел. Од самиот почеток, Сојузната Влада водеше кампања за силен позитивен сигнал за Македонија.
Дами и господа,
Остатотокот од патот нема да биде лесен, а понекогаш ќе биде и болен. Нема да има автоматизам. Советот ќе одлучи во Јуни 2019 година за тоа дали преговорите за проширување всушност ќе бидат земени во предвид, имајќи го во предвид понатамошниот напредок во реформите.
Но, едно е јасно:
ЕУ перспективата за Македонија е вистинска и реална. Истовремено, пристапот заснован на состојбата за процесот на проширување стана јасен. Земјите-кандидати сé уште имаат некои услови кои нам ни се важни.
Во текот на изминатата година Македонија има спроведено импресивни реформи.
Поконкретно, историскиот договор за спорот со иметот со Грција претставува огромна можност за понатамошно приближување кон ЕУ и за стабилност низ целиот регион.
Сметам дека условите поставени од страна на Европскиот Совет не ја изненадуваат вашата влада, бидејќи тие веќе јасно беа изнесени во итните приоритети од последниот извештај на Прибе. Ова особено се однесува на судските реформи, административната реформа и на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Советот очекува дека 2019 година ќе биде успешна и дека до крајот на 2019 преговорите всушност ќе започнат. И сигурен сум дека тие ќе може да го продолжат реформскиот курс фокусиран на политички притисок од внатре и надвор.
Дами и господа,
Позитивниот сигнал од Брисел е, исто така, од исклучителна важност за успешната имплементација на историскиот договор меѓу Скопје и Атина во однос на прашањето за името. За населението во Македонија, кое ќе гласа за договорот на референдум, сега е јасно дека догоговорот за прашањето за името и конкретната ЕУ перспектива се неразделно поврзани“.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.