„Република Северна Македонија треба да добие датум за преговори. Во претходните две години, државата и Владата направија сè што е потребно. Мислам дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори“, изјави денеска германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих на настанот „Запознај ја Преспа“.
Според него најдобро би било Македонија и Албанија заедно да влезат во Европската Унија, но дека доколку е потребно, треба да се размисли за раздвојување за да не се казни една држава поради неисполнувањето на друга држава.
„Јас мислам дека најдобра идеја би било да влезат заедно во Европската Унија. Многу е важно Западен Балкан како регион да има заеднички пакет, но доколку е потребно треба да размислуваме и за раздвојување со цел да не казниме една земја поради неисполнувањето на друга држава. Сепак е процес за кој треба земјите членки да размислуваат“, додаде Герберих.