Герхард Шредер, поранешен канцелар на Германија и личен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, се повлекува од функцијата претседател на одборот на рускиот нафтен гигант Роснефт, кој е под државна контрола, објави компанијата во петокот, пренесува новинската агенција Интерфакс, објави Њу Јорк Тајм.
Најавата дојде еден ден откако германската парламентарна комисија за буџет гласаше за одземање на привилегиите вредни повеќе од 400.000 евра на поранешниот лидер, откако тој одби да се дистанцира од господинот Путин и да се откаже од неговите врски со руските енергетски компании, иако Русија води брутална војна. во Украина.
Подготви: Д.Мишев