Германија одлучи да го продолжи ембаргото за извоз на оружје во Саудиска Арабија за уште шест месеци, изјави вчера портпаролот на германската влада.
„До 31 март 2020 година нема да бидат одобрени никакви апликации (за извоз на оружје) во Саудиска Арабија“, рече портпаролот.
Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот посочи дека сака да се држи до мораториумот што беше поставен по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги минатата година.
Берлин ја врза својата позиција со развојот на војната во Јемен, нашироко сметана како посредничка војна меѓу Саудиска Арабија и Иран. Договор за коалиција меѓу конзервативците на Меркел и социјалдемократите на Германија го исклучува извозот на оружје во земјите учеснички во војната.