• Latest

Големата брзина не е причина за несреќата во Бугарија, Северна Македонија прва со енергетска транзиција на Западен Балкан, трудовата експлоатација доминантна форма на експлоатација

November 30, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Големата брзина не е причина за несреќата во Бугарија, Северна Македонија прва со енергетска транзиција на Западен Балкан, трудовата експлоатација доминантна форма на експлоатација

November 30, 2021 16:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Комитова: Несреќата не се случила поради голема брзина, пожарот бил причината за жртвите

Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска, на прес конференцијаги презентираше резултатите од увидот на патниот правец Драгичево – Долна Дикања, каде се случи автобуската несреќа на автобусот на Беса транс од Република Северна Македонија.

Увидот на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања беше спроведен откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, што можеле да придонесат за кобната несреќа во која загинаа 45 лица, објави бугарската БНТ.

На пресот присуствуваа и замениците министри Валентин Граматиков и Иван Шишков, првиот човек на Советот за национална безбедност, арх. Влади Калинов и проф. Божидар Јанев, кој предава на Универзитетот Колумбија и 30 години работи на полето на одржување на мостови во Њујорк, појасни  Комитова.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бектеши на Министерскиот совет на ЕЗ во Белград: Северна Македонија прва прави енергетска транзиција на Западен Балкан

–Првата фотонапонска електрана на „ЕСМ“ во Осломеј од 10 мегавати е готова, значи станува збор за 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години. Со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на „ЕСМ“, ја правиме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана, што е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа, рече Бектеши.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНИ Европското законодавство за животна средина е на добро ниво транспонирано во националната легислатива во земјава, што овозможува негово спроведување, но тоа сепак е на почетно ниво речиси во сите области, што е резултат пред се на слабите административни капацитети и недостигот на финансиски средства, како и на начинот на управување со овој сектор, се заклучува во Извештајот во сенка на граѓанските организации за Поглавјето 27 од преговорите за членство – Животна средина и климатски промени.

Според Извештајот, законодавството е добро разгрането, покриени се сите области и како такво претставува добро основа за негово спроведување, но финансирањето на животната средина е на минимум, дури може да се каже дека некои сектори, како природата речиси не се финансираат. Ова е, како што се заклучи на презентацијата на Извештајот, една од причините што значително влијае на нивото на спроведување на законодавството. Административните капацитети се недоволни, особено на локално ниво. Исто така, ова се однесува и на инспекцискиот надзор, особено на инспекцискиот надзор на локално ниво.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Сексуалната експлоатација веќе не е доминантна форма на експлоатација во Северна Македонија. Според податоците на МВР, на прво место сега доаѓа трудовата експлоатација.

Како што информира заменик националната координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Светлана Влаховиќ-Димановска, на денешната дебата за борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија, од ова година во земјава имаме промена на доминантната форма на експлоатација и наместо сексуалната експлоатација која со години беше најзастапена, сега на прво место е трудовата експлоатација.

ТРУД И СОЦИЈАЛА Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го претстави Предлог-граѓанскиот буџет на ресорното министерство за 2022 година, кој изнесува 50,6 милијарди денари. Шахпаска истакна дека 2022 ќе биде година на економско закрепнување, забрзување на растот преку капитални инвестиции. Таа очекува бројот на социјални случаи, кој во моментов е 35.000, поради пандемијата да се зголеми за уште 5.500. Но напомена дека системот е подготвен и ќе обезбеди средства за сите семејства коишто се во социјален ризик.

– Во предлог-буџетот на МТСП средствата наменети за капитални инвестиции се зголемени за речиси 100 отсто. За капитални инвестиции предвидени се 195,5 милиони денари, од кои за градежни работи 177 милиони, а за опремување 18,5 милиони денари. Предучилишното образование е особено важно за правилниот раст и развој на децата на возраст од 0 до 6 години и затоа МТСП продолжува со изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на веќе постојните, истакна Шахпаска.

ФИНАНСИИ Министерството за финансии, заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува да работи на градење поефикасен и праведен даночен систем преку јасно дефинирани правила и принципи, што придонесува кон подобри јавни услуги, забрзан, инклузивен и одржлив раст на нашата економија, а со тоа и позадоволни даночни обврзници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето на Денот на даночните работници.

Настанот што го организира Управата за јавни приходи, посочуваат од Министерството за финансии, претставува признание за посветеноста на даночните работници во ефикасното собирање на јавните приходи и во остварувањето на јавниот интерес кој е од исклучителна важност за државата.

СОРАБОТКА Остварен е голем напредок помеѓу ЕУ и соседите во Југоисточна Европа во полициската соработка и во споредба со другите сфери, оваа сега е најнапредната соработка помеѓу ЕУ и директните соседи, рече во видео пораката еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на 22-от состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

Според него, Конвенцијата за полициска соработка за ЈИЕ е еден од темелите за таквата соработка и клучен елемент за де факто безбедносното партнерство што ЕУ го разви со регионот.

АНАЛИЗАПретседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја презентираа анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“.

Во рамките на истражувањето се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, како медиуми, граѓански организации и верски организации.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на презентацијата, д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања оцени дека популизмот ја минира основата на демократијата.

КОВИД 19 Во периодот од 22 ноември до 28 ноември во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19 се тестирани вкупно 18.781 материјали, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во посочениот период се регистрирани 2.751 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 6,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,5 до 17,5 отсто или просечно 14,3 проценти. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.279; 46,5 отсто), со неделна инциденца – 201,7 на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 389,6 на 100.000 жители, се потенцира во Извештајот одбјавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Исмет Рамадани, Претседател на Северноатлантскиот совет во Република Северна Македонија.

Тој зборува за: Македонија по локланите избори, СДСМ без Зоран Заев, коалицискиот меѓупартиски и меѓуетнички тренд, Отворен Балкан низ призмата Тирана – Приштина – Белград, Руското влијание во НАТО Македонија…

СЛОБОДНА ЗОНА 

Заклучоците се очекувани, во двотретински наспроти еднотретински соодноси: политичарите се расипани, „народот“ е морално супериорен во однос на елитите кои се корумпирани и криминални; довербата кон демократските институции е на рекордно ниско ниво; „народот“ преферира „цврста рака“ („униформираните“ институции, како црквата и армијата, се далеку попопуларни од цивилните институции на демократијата)… Спасот е во популистичките водачи кои би понудиле брзи решенија, сега и веднаш, по можност со компоненти на одмазда. И, да, етничките Македонци се (пристојно речено) најконзервативниот дел од „народот“, со најмногу изгубени нерви и трпение по сите битни демократски основи., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Овдека повеќе нема збунети, сите полека полудуваат!“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ