CivilFest
Categories

ГОДИШНИНИ Големата војна, историска лекција за помирувањето

Точно во 11 часот денеска, на 11 –от  ден од 11 месец од година, моментот  кога пред 100 години се потпиша Примирјето и се стави крај на Првата светска војна, претседателот на Фаранција Емануел Макрон одржа говор пред гробот на незнајниот јунак во Париз.

Централната манифестација во одбележувањето на 100 години од  крајот на Првата светска војна е токму во Париз во присуство на повеќе од 80 високи претставници на земјите учеснички во војната меѓу кои претседателите на САД, Доналд Трамп  и на Русија, Владимир Путин.

На церемонијата присуствува и Ангела Меркел, која ја преставува Германија, како поразена земја.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и првиот Париски мировен форум на иницијатива на Макрон, како одговор на тензиите и конфликтите што владеат во светот.

Првата светска војна или Војна на нациите од 1914 до 1918 година не само што ја промени политичката карта и влијание во Европа и светот, туку однесе со себе и повеќе од 9 милиони директни учесници во војната и повеќе од 7 милиони цивилни жртви. Околу 6 милиони лица се сметаат за исчезнати.

Причина за почетокот на војната е убиството на Франц Фердинанд, австрискиот надвојвода од Гаврило Принцип, во Сараево на 28 јуни 1914 година.

Одбелжувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна е потсетник и историска лекција за помирување чија цена во еден од најсмротнисните конфликти е милиони изгубени животи.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email