Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор на Македонија, вчера поднесе пријава за кандидат за Претседател на Македонија, на отворениот повик од СДСМ за претседателските избори за 2019 година.
„Одлуката ја донесов во консултација со најблиските, со членовите на моето семејство, а да признаам дека иницијативата беше и на многу мои пријатели, познаници, колеги од Македонија и надвор од неа, кои ме познаваат, кои веруваат во моите капацитети, знаења и искуство и сметаат дека оваа одговорна задача ќе можам успешно да ја обавувам за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, напиша Филипов на социјалните мрежи.
„Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, рече Филипов на вчерашната прес конференцијата.
Филипов е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари.
Тој беше амбасадор на Македонија во Германија, Австрија, Јапонија и Словачка.
Конечната одлука за тоа кој ќе биде кандидат на СДСМ ќе биде донесена на Конгресот кој ќе заседава на 3 март.
А. Петровска