Ѓорѓи Филипов прв кандидат за претседател на повикот на СДСМ

Поранешниот амбасадор на Македонија, Ѓорѓи Филипов, денеска ќе се пријави на отворениот повик на СДСМ за избор на претседателски кандидат.

„Почитувани новинари и медиумски куќи, јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, на 11 февруари 2019 година, понеделник, ќе поднесам пријава за кандидат за претседател на Република Македонија на отворениот повик за претседателските избори за 2019 година на СДСМ“, соопшти Филипов и најави дека денеска ќе одржи и конференција за медиумите.

Филипов е доктор по технички науки, а дипломирал на Мапинскиот факултет на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1981 година. Тој беше амбасадор на Македонија во Германија, Австрија, Јапонија и Словачка.

Конечната одлука кој ќе биде кандидат на владејачката СДСМ, партијата ќе ја донесе на Конгресот кој ќе заседава на 3 март.

Пријавата на Филипов е прва откако е отворен јавниот повик од партијата.

М. И.