Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува шефот на македонскиот тим историчари, професорот Драги Ѓоргиев.
Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е направен на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.
Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.
Следната средба, која ќе биде во полн состав и на која ќе се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, е закажана за 25 и 26 февруари.