„Иако сме 21 век, сепак нашиот ментален склоп не е подготвен да стави крај на национализмот. Во Велес, сепак, постои национализам“, вели за ЦИВИЛ Медиа, велешанката Грозданка Анева Ѓорѓиевска.
За тоа дали власта доволно се грижи за екологијата во Велес, Ѓорѓиевска е децидна дека властите не се толку виновни, колку што се граѓан(к)ите, бидејќи не се грижат за екологијата и природата.
„Има акции за чистење на Велешкото езеро, после два-три дена повторно е нечисто, како ураган да поминал – а не луѓе“, додава таа.
Ѓорѓиевска вели дека имаме толку слобода и права на хартија, а сепак немаме слобода и права да ги уживаме.
Дехран Муратов
Камера: Ангела Петровска
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Маја Ивановска